понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 154
home Вести

Од „милијардер“ до просјак

Од „милијардер“ до просјак

Кога ќе се спомене зборот милијардер, прво што ни паѓа на памет е човек кој има многу пари или народски кажано, човек кој плива во пари.

Но понекогаш не треба да пливаш во пари за да бидеш богат, за да бидеш богат, многу богат, понекогаш треба да имаш и други работи.

Во овој текст нема да пишуваме за некој кој пливал во пари па станал просјак, во овој текст ќе пишуваме за нашата Македонија.

Нашата Македонија тешко се избори за својата независност, помина низ сито и решето, стигнавме таму каде што стигнавме, минавме низ тешка транзиција, војна во 2001 година, економски кризи итн. 

Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година, работите почнаа да се менуваат, добивме визна либерализација, почнаа да се градат патишта, странски инвестиции речиси секој ден, невработеноста падна од 38 проценти, кон крајот на 2016 падна на 21 процент, политиките на тогашната политичка гарнитура која со Македонија владееше речиси 11 години на долго и широко се зборуваа во Европа и регионот, посебно во регионот, бевме школски пример за тоа како една држава треба да се справува со економски криза, и како во време на истата невработеноста да паѓа, намесно да расте.

Бевме првенци во класот речиси 11 години, Србија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора… беа препишувачи, копираа од нас. Бевме земја која се искачи на 10-то место на „Дуинг Бизнис“. Не дека бевме сјајни во се, но кога нешто е добро најдобро ќе ти кажат соседите, а соседите со своите политики покажаа дека она што го правеше Македонија ќе го прават и тие. 

По се изгледа ова најдобро го сфати Александар Вучиќ, Србија буквално ги копираше сите политики на тогашната власт, па така денес кога светот се соочува со најголемата здравствена криза, Србија заедно со Израел се водечки земји во справувањето и набавката на вакцини за истата.

Денес Србија му држи лекција на светот како една земја треба да се грижи за животот на сопствениот народ, денес таа Србија која до вчера препишуваше од нас, држи лекции, дава донации со вакцини, го прима народот од речиси цел регион да се вакцинира во Србија.

Благодарност до Србија за добрината која ни ја направи, Македонија без разлика кој е на власт нема да заборави, Македонија не заборави ни кога беа поплавите во Србија, не заборави многу други работи, а најмалку ќе ја заборави оваа добрина.

Но факт е дека Македонија од „милијардер“ на Балканот стана просјак!

Странски инвестиции нема ни за лек, и оние кои претходно ги имаше најавуваат заминување, „Лидл“ најави дека ќе влезе, но да почекаме, корупцијата и криминалот расте, бројките се фрапантни, странска држава (читајте САД) ги ангажира своите служби да спроведуваат правда, нивната ДЕА и нивното министерство за Правда ќе не оправаат, знаете со нив нема шала или ќе работиш според закон или законот ќе работи против тебе.

Но што е најтрагично?! 

Најтрагично е тоа што овие што сега се на власт „мува не ги лази“ за животот на своите граѓани и сега тие сигурно нема да се сложат со ова, но фактите говорат нешто друго.

Вакцини наместо да набавуваат од април минатата година и да вложуваат во пронаоѓање на истата, тие тераа ПР на Филипче, тераа избори, тераа се само не бараа вакцини.

Прво не сакале руска и кинеска вакцина, бидејќи сме биле во НАТО, потоа кога сфатија дека со овие политики не се тера таква политика, па ајде сакаме руски и кинески вакцини, потоа нашата војска која сега е дел од НАТО Алијансата ги вакцинираа со руската вакцина, потоа своите „кукумјавки“ ги тераа да ги бранат нивните политики, ги тераа јавно да се срамат по медиуми.

АБЕ ЗА ЖИВОТОТ НА МОЈОТ НАРОД АКО ТРЕБА И ОД МАФИЈАТА ЌЕ НАБАВАМ ВАКЦИНИ

Единствената светла точка во цела оваа ситуација се лекарите, оние кои повеќе од една година бдеат врз секој пациент како мајка над своето новороденче, плачат за секој изгубен живот како да е нивен брат или сестра, држат смени по 24 часа облечени во скафандери, маски, визири, ракавици, тие се единствената светла точка во целава ситуација.

А што направивте вие пред некој ден, им плукнавте во лице кога во македонското собрание им ги донесовте оние двајцата, ги облековте исто како да се лекари кои работат во некое ковид одделение во болница. 

Но знаете што, македонскиот народ не заборава, тогаш кога мислите дека сте најсилни, е тогаш ќе ве казни!

 

Р.З

Коронавирус