недела, 9. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Од магацините во Министерството за одбрана украдени се повеќе комплети униформа и други делови од униформа

Од магацините во Министерството за одбрана украдени се повеќе комплети униформа и други делови од униформа

Универзитетскиот професор по одбрана и безбедност, Александар Нацев објави дека изминатата ноќ од магацините кои се наоѓаат во кругот на Министерството за одбрана и Генералштабот се украдени повеќе од 35 комплети униформа и други делови од униформа

-Измината ноќ од магацините кои се наоѓаат во кругот на Министерството за одбрана и Генералштабот се украдени повеќе од 35 комплети униформа и други делови од униформа. Додека министерката за одбрана си тера кампања со службени возила и користи униформирани лица за снимање партиски спотови, некој се дрзнал да ја ограбува Армијата. Министерството за одбрана засега молчи и случајот се држи во тајност, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Нацев.

Коронавирус