вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 95
home Вести

Од коронавирус во Македонија починале 73 лица: Вкупно има 1442 заразени од овие 27 градови

Од коронавирус во Македонија починале 73 лица: Вкупно има 1442 заразени од овие 27 градови

Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на ковид-19 и тоа во: Скопје – 7, Куманово -6, Прилеп-4, Тетово-1, Пехчево-1, Делчево -1, Струга-1.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

По завршување на епидемиолошка анкета, за две лица кои во вчерашниот извештај на ИЈЗ беа заведени во Кавадарци, е утврдено дека се жители на Демир Капија. Во денешниот извештај на ИЈЗ ќе биде направена исправка и тие ќе бидат заведени во Неготино, бидејќи Демир Капија спаѓа во оваа подрачна единица.

Согласно ова, последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје – 493, Куманово – 384,  Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –147, Тетово – 76, Струга – 66, Велес – 69, Битола –19, Охрид –15,  Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -7, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 2, Делчево-1, Валандово -1, Виница – 2.

ЕУРО 2020

Македонија