сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Од коронавирус починале 2.841 лице, а се заразиле 92.193: Додека цел свет се вакцинира, Македонија уште чека вакцини

Од коронавирус починале 2.841 лице, а се заразиле 92.193: Додека цел свет се вакцинира, Македонија уште чека вакцини

Според вчерашната статистика на Министерството за здравство, во претходното деноноќие се направени 2024 тестирања при што се регистрирани 302 нови случаи на Ковид-19, починати се десет лица, а 444 пациенти оздравеле.

Вкупниот број на позитивни и суспектни пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците  во државата е 599, од кои 254 пациенти се лекуваат во Скопје. Во моментов, на територијата на цела држава во ковид-центрите има 560 празни кревети. Сите клинички одделенија располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, а доколку е потребно Министерството за здравство дополнително ќе ги прошири одделенијата.

Од почетокот на пандемијата до денес, во Македонија се регистрирани вкупно 92.193  лица позитивни на коронавирусот, од нив оздравени се 80.837 лица, а починати се 2.841 лице.  Во моментов бројот на активни случаи изнесува 8.515.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа во интервју за Канал 5 телевизија оцени дека земјава се уште се соочува со пандемијата и секојдневно бележи бројки кои што не се за занемарување, што укажуваа на фактот дека ни се неопходни вакцини.

-Политичарите од власта нека ги засукаат ракавите и нека смислат како да ги донесат вакцините во државата и вакцинацијата да отпочне, бидејќи и онака доцниме веќе неколку месеци, додаде Мицкоски.

По долг период најави и разгледувања, додека цел свет се вакцинира, Македонија уште нема вакцини.

СДСМ посочи дека имунизацијата во земјава ќе почне во февруари, нагласувајќи дека Владата и министерот за здравство Филипче вакцини набавуваат по три механизми – Ковакс, во директни преговори со производителите и преку солидарниот фонд на ЕУ.

Но, февруари почнува за два дена, а македонските граѓани гледаат дека ниту се пристигнати вакцини, ниту се врши подготовка за вакцинирање.

Во својот прв извештај, Европската агенција за лекови потврди дека досега собраните податоци за употребата на вакцината во ЕУ се во согласност со познатиот безбедносен профил и оти не се идентификувани нови несакани ефекти. Како што веќе е познато, најчестите несакани ефекти што вакцинираните  луѓе не ги чуствуваат, вообичаено се благи или умерени и исчезнуваат  неколку дена по вакцинирањето.

Европска Унија не ја исклучи можноста и руската вакцина „Спутник V“ да биде одобрена во Европа, а се работи и на овозможување на нејзино производство. Шефот на германскиот институт „Пол Ерлих истакна дека  е потребно одобрување дека вакцината ги исполнува стандардите.

ЕУРО 2020

Македонија