вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 119
home Вести

Од коронавирус починаа 126 лица од Македонија, последниве 10 дена имаме 25 жртви

Од коронавирус починаа 126 лица од Македонија, последниве 10 дена имаме 25 жртви

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2129, а на починати е 126.

Само по последниве 10 дена имаме 25 жртви!

Во денешната статистика се заведени четири починати лица.

Вчера починаа три лица, а завчера (среда) животот го загубија уште три лица.

Во вторникот коронавирусот зема уште три жртви од Македонија. На 23-ти мај почина едно лице.

На 22-ри животот го загуби едно лице, како и на 21-ви. На 20-ти мај бројот на жртви беше четири.

На 19-ти мај две лица, а на 18-ти мај починаа 3.