петок, 14. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Од коронавирус почина кичевскиот муфтија

Од коронавирус почина кичевскиот муфтија

Шеесет и осумгодишниот муфтија на кичевското муфтиство, Хаџи Мурат Ефенди Хусеини почина од Ковид-19.

-Тој целиот свој живот го посвети на исламот и организацијата на религиозниот живот во Кичево и низ целата територија на ИВЗ. Тој беше учител на исламот, мудар, претпазлив, паметен, праведен, дарежлив, близок до луѓето, солидарен во секој момент и ситуација. Тој почина кога сè уште ја имаше религиозната и интелектуалната моќ да придонесува уште во служба на верата, а денеска отиде на другиот свет. Останува на нас да се молиме на семоќниот Аллах да го помилуваме со својата бесконечна милост, истакна секретарот на Муфтиството во Кичево, Ќамил Рушити.

Коронавирус