вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Од коронавирус почина доктор од Тетово, за кратко време ја изгуби битката

Од коронавирус почина доктор од Тетово, за кратко време ја изгуби битката

Почина радиологот во тетовската клиничка болница. д-р Владимир Ефтимовски. Тој почина на 50 годишна возраст, а според информациите на неговите колеги поради компликации од Ковид-19.

-За кратко време ја изгуби битката со болеста. Се соочил со симптоми во понеделникот, а наредниот ден бил позитивен. Поради влошена состојба бил примен на болничко лекување на Инфективната клиника во Скопје и почина во саботата. Имаше неколку хронични болести, како срцева слабост и ХОБС, брифираат неговите колеги кои на социјалните мрежи ја објавија веста изразувајќи неверување и тага.

Доктор Ефтимоски работел 20-тина години во јавното здравство. Оженет и татко на две деца. (МИА)

Локални избори 2021