понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 105
home Вести

Од кого бара одговорност за “Рекет” американската амбасада во Скопје?

Од кого бара одговорност за “Рекет” американската амбасада во Скопје?

Екс дипломатот и политички аналитичар Арсим Зеколи го поставува прашањето на неделата: Од кого бара одговорност американската амбасада за случајот Рекет.

Прашањето е важно затоа што ставот на амбасадата е објавен откако беше притворена Катица Јанева што отвара дилема дали покрај за обвинителката се бара одговорност и за политичари од врвот на власта.

За Зеколи одговорот е јасен, одговорност се бара од членови на Владата.

“Црно на бело. Ставот на Кале доаѓа по седницата на СДСМ и изјавата на ЗЗ за “законска одговорност”. Но Катица е веќе во притвор. Барањето за сносење одговорност за “злоупотреба на довербата на јавноста” е јасна алузија за сносење политичка одговорност. Кон кого е адресирана?”, прашува Зеколи.

Реакцијата на амбасадага на САД дојде завчера по апсењето на Јанева преку емисијата 360 степени на Алсат – М.

Амбасадата на САД во Скопје целосно ја поддржува одлуката на обвинителството да ги истражи сите наводи за корупција и да ги гони во согласност со законот и врз основа на проверливи факти.

„Секој за кого има наводи дека ја злоупотребил довербата на јавноста, мора да сноси одговорност“, велат од американската амбасада на прашањата на „360 степени“ по новонастанатата ситуација со притворот на шефицата на СЈО Катица Јанева за случајот „Рекет“.

За САД е важно да се потенцира дека Специјалното јавно обвинителство игра важна улога во напорите на Северна Македонија да ја покаже посветеноста на земјата за независно судство и одговорност за минатите криминали и корупција.

„Ова е причината зошто е решавачки да се донесе закон за јавното обвинителство, како дел од поголемите напори за градење и зајакнување на одржливи институции засновани на владеење на правото. Ова ќе осигура дека Специјалното јавно обвинителство може да продолжи со својата важна работа и да ги продолжи своите случаи без прекин, што пак ќе и помогне на Северна Македонија да напредува со интеграцијата кон НАТО и Европа“,
стои во одговорот на Амбасадата за „360 степени“.