среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 37
home Вести

Од кога забраната на злоупотреба на службени возила за партиски и приватни потреби е загрозување на националната безбедност?

Од кога забраната на злоупотреба на службени возила за партиски и приватни потреби е загрозување на националната безбедност?

Од кога забраната на злоупотреба на службени возила за партиски и приватни потреби е загрозување на националната безбедност?

Комплетна правна неукост, непознавање на внатрешните процедури за работа во Министерството за внатрешни работи и злоупотреба на полицијата за партиски цели покажуваат последните изјави на Дополнителниот министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

Процедурата за распределба на службени возила која е јавно истакната на веб страната на Министерството за внатрешни работи е јасна и концизна.

Во членот 4 јасно е наведено дека: бројот, марката, видот, типот, класата и јачината на возилата со која располагаат организациските единици на Министерството ги определува Министерот за внатрешни работи. Од тука се поставува прашањето, дали актуелните процедури кои во важност, престануваат да важат по заминувањето на СДСМ од власт или пак нивното почитување е доведување во прашања по смена на првиот човек во Министерството.

Дополнително се поставува прашањето: За какво загрозување на безбедност зборува дополнителната министерка во МВР, кога десет дена по заминувањето на СДСМ од власт се уште секретарката на довчерашниот министер се уште користи службено возило.

Дали оваа позиција превидува употреба на службено возило за приватни и партиски цели?  Дали правилникот за употреба на возила предвидува советниците на Оливер Спасовски кои се вработени во Владата на РМ да користат возила кои се сопственост на Министерството за внатрешни работи? Дали употребата на возило од страна на дополнителниот министер кое по распределба припаѓа на кабинетот на Министерот за внатрешни работи преставува загрозување на безбедноста на државата?

Дали фактот дека Министерот за внатрешни работи се вози во старо и несоодветно возило не е нарушување на националната безбедност? Кој е поважен во хиерархијата на МВР: Министерот или партиската секретарка?

Дополнително извори во Министерството за внатрешни работи брифираат дека само во изминатиот период пред заминувањето на Оливер Спасовски за двојно е зголемен бројот на возила со кој располагаат Кабинетите на Претседателот на државата и Претседателот на Владата.

Од тука се поставува прашањето: дали во време на владеењето на Оливер Спасовски толку сериозно е нарушена безбедносната состојба во државата што проценките покажувале дека токму овие служби потребно е да имаат дупло поголем број возило во споредба со минатото. Или за какво нарушување на националната безбедност говори дополнителниот министер, Славјанка Петровска?

Истите извори брифираат дека во изминатиот период, во последните десетина дена од заминувањето на Оливер Спасовски од првата позиција во МВР се случиле низа малверзации и скандали поврзани со службените возила.

Фиктивни задолжувања, фиктивни налози за гориво, распределба на лица кои немаат потребни возила се само дел од непочитувањата на законските прописи кои во иднина треба да ги истражува Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР.

Користење на службени цели и партиски цели, непочитување на внатрешни процедури за распределба на возила, несоодветно задолжени и раздолжени возила – ова се само дел од злоупотребите кои по своето доаѓање во Министерството за внатрешни работи ги констатирал и детектирал тимот на Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Повеќе од очигледно е дека на Славјанка Петровска и структурите блиски до неа им одговара да со теми како користењето на службените возила надвор од законските прописи, а не со реален и суштински криминал кој во изминатите три години поминуваше неказнето.  Заканите за  кривичната пријава од нејзина страна е да предизвика страв и да го одвлече вниманието од реалните проблеми во кои е потонато министерството,  како резултат на лошото работење во изминатите три години.

„Единствени кои треба да се плашат во оваа држава се криминалците и сите оние кои го прекршиле законот.  Мојата цел и целта на Министерството е да се обезбедат фер, мирни и демократски избори и тоа ќе биде направено.  Сите закани, тужби и клевети се еден вид опструкција на нашите заложби кои ќе се обидеме со сите сили да ги надминеме“, истакнува министерот Чулев во една од своите изјави.

Коронавирус