сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 71
home Вести

Од изолација поради Ковид-19 ќе се излегува без контролен тест

Од изолација поради Ковид-19 ќе се излегува без контролен тест

Изготвен е нов протокол според кој пациентите кои се наоѓаат во изолација поради Ковид-19 ќе излегуваат без контролен тест. Оваа информација денеска ја соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој појасни дека ваквата одлука е донесена по опсежни анализи, кои укажале дека детектираните вируси кај конторолните тестови не можат да предизвикаат инфекција.

-Истражувачкиот центар во МАНУ, на препораката на СЗО и Европскиот центар за контрола и превенција на болести анализираше повеќе од 10.000 тестирања и според анализите, кај пациенти со ковид-19, не е присутен вирус кој може да предизвика зараза, десет или дваесет дена после позитивниот тест, рече Филипче.

Доколку пациентот е асимтоматски, по 10 дена се укинува изолацијата, односно 20 дена кај пациентите заразени со корона вирусот.

Коронавирус