среда, 4. август 2021. Вести денес: 162
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Вести

„Од добиениот датум за почеток на преговорите со ЕУ остана само легендарната фотографија како епска лажна вест од квартетот Заев-Бујар-Димитров-Анѓушев“

„Од добиениот датум за почеток на преговорите со ЕУ остана само легендарната фотографија како епска лажна вест од квартетот Заев-Бујар-Димитров-Анѓушев“

Во јуни 2018та се појави легендарната фотографија со која квартетот Заев-Бујар-Димитров-Анѓушев ги излажаа македонските граѓани дека е добиен датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Денес, три години подоцна, разликата е што го нема Анѓушев, го нема датумот за ЕУ, но се уште е тука легендарната фотографија како епска лажна вест, заедно со триото Заев, Бујар и Димитров промоторите на оваа сериозна манипулација!

Денес во Софија триото Заев-Бујар и Димитров ќе се обидат да ја релативизираат сопствената манипулација од 2018та. И нема да е изненадување ако нивната неспособност се обидат да ја компензираат со пазарење на историското наследство на Македонија, бидејќи вчера пратениците на СДСМ избегаа од комисијата за надворешна политика и не сакаа да се изјаснат за предложените заклучоци за ЕУ и Бугарија, пишува на својата Фејсбук страница претеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Коронавирус