вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 59
home Вести

Од денеска почнува аудиоснимањето на судските расправи

Од денеска почнува аудиоснимањето на судските расправи

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска ќе биде промовирана техничката опрема за аудиоснимање на судските расправи, донација од Амбасадата на САД во Скопје.

По тој повод Судот ќе го посети делегација на Амбасадата на САД во Скопје предводена од амбасадорката Кејт Мари Брнс.

Од Судот информираат дека со новата опрема денеска ќе биде аудиоснимена главна расправа на предметот со К. бр.1500/19.