петок, 4. декември 2020. Вести денес: 12
home Вести

Од денеска почна дисперзија на онколошката терапија за пациентите со малигни болести

Од денеска почна дисперзија на онколошката терапија за пациентите со малигни болести
Lung cancer cell division, SEM...Lung cancer cell division. Coloured scanning electron micrograph (SEM) of a lung cancer cell during cell division (cytokinesis). The two daughter cells remain temporarily joined by a cytoplasmic bridge (centre). Cancer cells divide rapidly in a chaotic, uncontrolled manner. They may clump to form tumours, which invade and destroy surrounding tissues. Lung cancer is often associated with smoking tobacco and exposure to industrial air pollutants. It causes a cough and chest pain and may spread to other areas of the body. Treatment includes removal of affected parts of the lung, with radiotherapy and chemotherapy. Magnification unknown.

Од денеска почна дисперзија на терапијата за дел од пациентите со малигни болести од другите градови и населени места од државата.

Пациентите со одредени онколошки заболувања веќе нема да патуваат во Скопје на Клиниката за онкологија и радиотерапија и својата редовна доза терапија ќе може да ја примат во најблискиот регионален онколошки центар. Распределбата на онколошката терапија, таа што може да се прима во регионалните центри каде што има услови за тоа, се прави со цел да се заштитат овие пациенти и да не се изложуваат на дополнителен ризик, информираат од Министерството за здравство.

Дисперзијата и пренасочувањето на пациентите се применува само за одредени типови карцином заради специфичноста на онколошката терапијата и потребата од посебни услови за примање. Во регионалните центри во Битола, Штип и Тетово ќе се прима супкутана и таблетарна терапија. Пациентите што ќе бидат пренасочени во некој од овие центри претходно ќе бидат информирани од својот доктор онколог или сестра од Клиниката за онкологија во Скопје, во однос на тоа дали ќе има промени, кој е точниот термин и регионалниот центар каде ќе може да ја прими терапијата или да ги подигне таблетите. При дисперзијата во регионалните центри се следи точниот календар на примање терапија за секој пациент одделно.

Во регионалниот онколошки центар во Битола, терапија ќе може да примаат пациентите од Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Прилеп, Македонски Брод, Демир Хисар и пациентите од селата и населените места околу овие градови.

Во онколошкиот центар во Штип се распределени пациентите од Виница, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Радовиш, Свети Николе, Струмица, Неготино, Делчево и Валандово, и пациентите од селата околу овие општини. Кон регионалниот центар во Тетово се приклучуваат пациентите од Гостивар и Дебар како и селата околу овие општини.

На Клиниката за онкологија и радиотерапија во Скопје, својата терапија ќе продолжат да ја примаат покрај пациентите од Скопје, уште и од Куманово, Велес и Крива Паланка.

Коронавирус