недела, 18. август 2019. Вести денес: 43
home Вести

Од денеска електронска наплата на патарините долж Коридорот 10

Од денеска електронска наплата на патарините долж Коридорот 10

Над 300 граѓани веќе купиле картички и налепници за електронска наплата на патарините. Од денеска една лента на патарините по должина коридирот 10 е оспособена за ваква наплата.

Возачот со налепница само треба да ја намали брзината на движење на 25 километри на час, камерите ќе ја детектираат налепницата и рампата ќе се дигне.

Тие што се со припејд картички, ќе треба да ја доближат картичката до поставените апарати и ќе можат да поминат. Налепниците ќе чинат најмалку 1000 денари и ќе се надполнуваат електорнски или на фактура, а припејд картичките чинат вклучуваат плаќање на најмалку 300 денари патарина. Засега ги иам на наплатните станици, на пунктот во Петровец и во просториите на ЈП ДП.

ЈП ДП најавува уште една новина во рамки на прокетот за модернизирање на патарините. На крововите на наплатните станици ќе бидат поставени фотоволтаици и компанијата ќе произведува струја за своите потреби.

Наплатата на патарините од денеска е мониторирана од новиот контролен пункт во Петровец кој наскоро ќе биде надграден и поврзан со конлтролната станица во Неготино.

Проектот за модернизација на патарините и инвестиција од над 18 милиони евра и почна пред 5 години. До крај на процесот ќе ги опфати и новит автопат до Штип како и Коридорот 8.