сабота, 6. март 2021. Вести денес: 0
home Вести

Од четврток угостителите ќе работат до 21 часот, можно е дополнително олабавување на мерките

Од четврток угостителите ќе работат до 21 часот, можно е дополнително олабавување на мерките

Премиерот Зоран Заев објави на Фејсбук дека денеска на седница на Влада донеле одлука угостителските објекти да работат до 21 часот, почнувајќи од 21 јануари.

-На денешната владина седница ги разгледавме епидемиолошките насоки, при што Владата донесе одлука дека почнувајќи од 21 јануари, угостителските објекти ќе работат до 21 часот. Со оваа одлука заршува и вонредното ограничување на работното време во угостителските објекти на бензиските пумпи, како и за гостите сместени во хотелите, мотелите, хостелите и останатите сместувачки капацитети, при што истите ќе можат да работат со редовното работно време утврдено со законот за работа на овие угостителски капацитети, објави Заев.
Во исто време, министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил напиша дека следната недела, откако ќе ја анализираат епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот.  (МИА)

Коронавирус