вторник, 11. август 2020. Вести денес: 102
home Вести

Од 77 заразени бремени жени со коронавирус во земјава, 34 биле без симптоми

Од 77 заразени бремени жени со коронавирус во земјава, 34 биле без симптоми

Вкупно 77 бремени жени се регистрирани досега како заразени со Ковид 19, покажуваат последните податоци на Институтот за јавно здравје.

Според информациите на ИЈЗ, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=8.048; 98,2%), пријавени се 77 (0,9%) случаи кај бремени жени, од кои 19 биле хоспитализирани во текот на болеста. Триесет и четири од регистрираните се асимптоматски случаи.

Коронавирус