недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 2
home Вести

Од 6 до 12 септември од ковид-19 во Македонија починале 142 лица

Од 6 до 12 септември од ковид-19 во Македонија починале 142 лица

Минатата недела, во период од 6 до 12 септември во Макеоднија од ковди-19 починале 142 лица, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Имало 142 смртни случаи во 22 градови во текот на изминатата недела, најголем дел од нив се од Скопје (47), Струмица (13), Куманово (12) и Гостивар (11). Најголем број (n=106; 74,6%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години.

Тестирани се вкупно 34.175 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 11,4% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 3.471 нов позитивен случај од 34 градови во државата, за 24,9% помалку од минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 9,0% до 10,8%, просечно 10,0%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.653; 47,6%), a највисока инциденца е регистрирана во Кратово – 317,4/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=1.019, 29,4%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0- 9 години (n=95; 2,7%). Во однос на претходната недела, се забележува намалување на заболените лица кај скоро сите возрасни групи, со најголемо намалување кај возрасната група од 20-29 години (за 40,1% помалку во однос на претходната недела), а кај возрасната група од 0-9 години се забележува зголемување од 11,8% во однос на минатата недела.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.646 (47,4%) лица од машки и 1.825 (52,6%) од женски пол. По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.946 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, зголемување од 4,6% во споредба со минатата недела.

Во текот на мината недела вкупно е пријавенa 31 реинфекциja, намалување од 13,9% во однос на минатата недела.

Коронавирус