четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

Од 6.700 лица заболени од рак во државава на годишно ниво, само половина ја добиват битката

Од 6.700 лица заболени од рак во државава на годишно ниво, само половина ја добиват битката

Просечно во Република Македонија во периодот 2010-2019 нови случаи на ниво на година има 6694, односно на 100 000 население има 323 случаи, 55% од случаите се мажи додека 45% се жени, се вели во публикацијата на Институтот за јавно здравје, изработена од М-р Д-р Вјоса Речица и Дипл. Мед. Сестра Јасмина Тахири.

Најранливи возрасните со над 50 години старост
Околу 87% од случаите на рак се меѓу популацијата која е постара од 50 години. Околу 0.4% од случаевите на карционом се јавуваат кај деца и адолесценти помлади од 15 години.

Најзастапени дијагнози во десете години кај целото население се малигната неоплазма на бронх и бел дроб со 12.9% од вкупно пријавените случаи, потоа следи малигната неоплазма на дојка, други малигни неоплазми на кожата, желудникот и тн.

Најзастапени дијагнози во десете години кај машкото население се малигната неоплазма на Бронх и бел дроб со 17.50% од вкупно пријавените случаи, потоа следи малигна неоплазма на простата, други малигни неоплазми на кожата, желудникот и тн.

Најзастапени дијагнози кај женското население се малигната неоплазма на дојка со 24.52% од вкупно пријавените случаи, потоа следи малигна неоплазма на телото на утерусот, други малигни неоплазми на кожата, бронх и бел дроб и тн.

Случаи на рак по региони
Анализирано според здравствените региони малигната неоплазма на бронх и бел дроб во апсолутни бројки најповеќе е застапена во Скопје, просечно за 10 години на годишно ниво има 288 случаи со стапка од 46 случаи на 100 000 жители. На 100 000 жители највисока стапка од 60 случаи има во регионите на Димир Хисар и Свети Николе, а потоа следи регионот на Гевгелија со 59 случаи.

Карциономот на Дојка во апсолутни бројки е најповеќе застапен во Скопје, просечно за 10 години на годишно ниво има 271 случаи со стапка од 85 случаи на 100 000 жители женско

На 100 000 жители највисока стапка од 93 случаи има во регионот Свети Николе, а потоа следат регионите на Кратово и Берово со 91 случај.

Болничко лекување
Во анализираниот десет годишен период, во болничко-стационарен здравствен систем просечно на ниво на една година се лекувани 30.923 пациенти од малигни заболувања, што преставува 11.43% од просечниот број на вкупно лечените пациенти на годишно ниво.

Анализата покажува зголемување на бројот на пациенти со малигни неоплазми кои се лекуваат во болничко-стационарниот дел на здравствениот систем. Во 2019 година, 12,98% од вкупниот број на пациенти биле лекувани од малигни заболувања, додека нивниот престој во болницата бил 20.53% од должината на престојот на сите пациенти.

Смртност
Во просек според публикацијата, бројките на смртни случаи се над 3500 лица годишно, односно просек од 3720 на годишно ниво во 10 годишен период.

Според прогнозите од публикацијата во 2020 година бројот на смртни случаи од рак е проектиран на 3819, односно 3837 смртни случаи во 2021 година.

Предвидувања

Според публикацијата во 2020 година бројот на заболени од рак се очекува да биде 8048, а во 2021 година 8295 заболени.

Извор: Институт за јавно здравје

Најнови вести

Коронавирус