четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 145
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Вести

Обвинителството за прв пат ги „откри“ обвинителите, но без слика

Обвинителството за прв пат ги „откри“ обвинителите, но без слика

Јавното обвинителство денеска ја промовираше новата интернет-страница, www.jorm.gov.mk, на која може да се следат информации од Јавното обвинителство на РСМ, од вишите јавни обвинителства, од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и од основните јавни обвинителства.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески истакна дека со новата интернет-страница се зголемува транспарентноста во работењето на обвинителството што е значајно за поголема доверба на граѓаните во оваа институција.

-Корисниците на интернет-страницата ќе можат да најдат документи и правни акти од кривичната област и други релевантни податоци за нашата дејност. Наша обврска кон граѓаните за давање точни, проверени и релевантни информации придонесува не само за информирање, туку со тоа се стеснува и просторот за шпекулации и лажни вести, рече Јовески.

За прв пат обвинителството ги „открива“ обвинителите, односно јавноста има прегледност кои обвинители во кое обвинителство се ангажирани. Сепак, таму недостасуваат нивните фотографии и биографии. Но, од обвинителството потенцираат дека сајтот постојано ќе се полни со нови информации.

Амбасадорот Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје истакна дека интернет-страница е дел од напорите за зајакнување на капацитетите на обвинителите за односите со јавноста.

-Отвореноста и транспарентноста се столбовите на демократијата и тие се потребни за граѓаните да имаат доверба во правната сигурност. Владеењето на правото не изискува само испорачување на правда, туку и почитување на правдата од оние кои ја испорачуваат. Затоа важно е да комуницирате со јавноста со цел правдата да може да се види, рече амбасадорот Која.

На денешната промоција на новата интернет-страница, државниот јавен обвинител Јовески на амбасадорот Која му врачи благодарница за соработката.

Новата интернет-страница на ЈОРСМ е овозможена со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Коронавирус