среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 139
home Вести

Обвинителството за организиран криминал влезе во ДИК

Обвинителството за организиран криминал влезе во ДИК

По наредба на судија на претходна постапка, Обвинителството за организиран криминал и корупција со асистенција на Одделот за организиран криминал во МВР утрината рано влезе во Државната изборна комисија да ја одземат, како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, документацијата од договорот потпишан по преговарање без оглас со компјутерската фирма која не успеа да го одржи и да го работи сајтот на Комисијата на денот на изборите и деновите потоа.

Обвинителството претходно најави дека по соопштувањето на конечните резултати од предвремените парламентарни избори, ќе отвори предмет за случувањата во ДИК, за да не влијае врз нејзината работа претходно.

Постапката за набавка на софтвер за веб сајт на ДИК на кој што требаше во живо да се објавуваат резултатите од предвремените парламентарни избори завршила на 8 јули 2020, кога била одбиена жалбата на „Ај Воут“, фирмата која што без проблеми го одржуваше сајтот на ДИК од 2006 година, т.е. од формирањето на ДИК како постојано тело.

Набавката на софтверот е спроведена со преговарање без објавување на оглас, а како најповолен понудувач беше избрана фирмата „Дуна“. Двете компании биле поканети на преговори од ДИК на 19 јуни 2020, а фирмите утредента ги доставиле понудите. Одлуката за избор на „Дуна“ е донесена на 22 јуни 2020. Истиот ден, „Ај Воут“ поднела жалба, која што е одбиена од Државната комисија за жалби по јавни набавки како неоснована на 8 јули 2020.

Од документацијата се гледа дека Компјутерската фирма „Дуна“ која што потоа го доби поништениот тендер за набавка на софтвер за веб сајтот, не потпишала Изјава за сериозност, ниту пак ги исполнила трите минимални услови, според жалбата што ја прифатила Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Целиот текст прочитајте го тука.

Се јави и хакерската група АнонопсМКД која пренесе дека тие не го хакирале системот, туку дека тоа го сторил некој одвнатре со дозвола за влез, факт кој тие го уочиле преку своите системи.

Коронавирус