петок, 23. јули 2021. Вести денес: 26
home Вести

Обвинителството ја прифати понудената гаранција од 500 илјади евра: Рашковски излегува од Шутка

Обвинителството ја прифати понудената гаранција од 500 илјади евра: Рашковски излегува од Шутка

Јавното обвинителство ја прифаќа понудата од 500 илијади евра, на поранешниот Генерален секретар на Владата Драги Рашковски, пишува 360 степени.

-Ве известуваме дека Вишото јавно обвинителство Скопје, по предметот оформен по поднесена Жалба на обвинетиот Д.Р. со понудена гаранција, до Апелациониот суд Скопје согласно законските надлежности достави писмен предлог со кој му се предлага на Судот да ја уважи жалбата на обвинетиот, да ја прифати понудената гаранција во висина од 30.686.215.00 денари и да ја замени мерката притвор со понудената гаранција, велат од ЈОРМ.

Рашковски се терети дека како генерален секретар купил софтвер за автоматско казнување на сообраќајни прекршоци кој ниту некој му го барал ниту, пак, некој го користи.

Министерството за внатрешни работи, кое единствено може да казнува во сообраќајот, беше децидно дека не побарале такво нешто од Рашковски ниту имаат намера да го користат тоа што го купил.

Коронавирус