сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 10
home Вести

Обвинителството бара продолжување на притворите за сопственикот, раководителот и возачот на автобусот на „Дурмо Турс“

Обвинителството бара продолжување на притворите за сопственикот, раководителот и возачот на автобусот на „Дурмо Турс“

Скопското обвинителство бара продолжување на притворите, односно куќните притвори за сообраќајната несреќа кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари годинава, потврдуваат од ОЈО Скопје за 1ТВ.  Продолжување на мерките следат, поминаа 30 дена по нивно донесување.

Во притвор се сопственикот на „Дурмо Турс“ Дурмуш Белули, раководител на автобуската компанија, како и возачот кој управуваше со автобусот. Во домашен притвор, пак, се уште тројца вработени во „Дурмо Турс“, како и гостиварскиот техничкиот центар за преглед на возила, кој исто така е во сопственост на Белули. Судот треба да одлучи дали да ги продолжи мерките на ОЈО Скопје што денеска ги бара.

Во истрагата на скопското обвинителство шестмина се осомничени за сообраќајната несреќа. Против едно лице остануваат да важат мерките за претпазливост, односно да не може да го напушти градот Гостивар, кое не е опфатено во истрагата.

Од страотната сообраќајна несреќа којашто се случи во февруари на автопатот Скопје – Тетово, вкупниот биланс на загинати е 15 патници.