недела, 26. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Обвинителството бара притвор за Рашковски, судот отфрла

Обвинителството бара притвор за Рашковски, судот отфрла

Драги Рашковски разговарал со други осомничени во истрагата за набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци, тврдело обвинителството и барало повторно притвор за поранешниот генерален секретар на владата. Кривичниот суд во Скопје ги отфрлил овие тврдења и го оставил во домашен притвор, пишува Телма.

За „Телма“ ова го потврдиле и од судот од каде што велат дека немало основи за Рашковски да се врати во ефективен притвор.

И понатаму ќе остане мерката домашен притвор и забрана за комуникација со останатите осомничени во неговиот случај.

Инаку, Рашковски првично при приведувањето доби домашен притвор но само после една недела судот по барање на обвинителството го испрати в озатвор оти се утврди дека тој влијаел врз другите осомничени. По месец и половина повторно беше вратен во куќен притвор. Осомничен е дека ја злоупотребил службената положба и со државни пари набавил и систем за биометриска идентификација, а претходно ист таков си патентирал како негов изум, пишува Телма.

Коронавирус