вторник, 4. октомври 2022. Вести денес: 62
home Вести

Обвинителството бара притвор за педофилот од валандовско, мажот бил во подалечна роднинска врска со девојчето (8) кое полово го нападнал

Обвинителството бара притвор за педофилот од валандовско, мажот бил во подалечна роднинска врска со девојчето (8) кое полово го нападнал

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против маж (55) поради постоење на основано сомневање дека извршил кривично дело Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години од член 188 ст.1 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството.

Според исказите на детето и неговата мајка, осомничениот во текот на 2017 година во неколку наврати искористувајќи исти прилики извршил полови дејствија врз осумгодишното дете.

Осомничениот е сосед и во подалечна роднинска врска со оштетеното дете, соопштува ОЈО Велес.

Ценејќи дека се работи за особени околности што укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоци и може да го повтори делото, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Велес поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.​

Коронавирус