петок, 30. септември 2022. Вести денес: 0
home Вести

Обвинителството бара Дурловски да излезе од притвор

Надлежниот обвинител бара за Игор Дурловски мерката притвор да биде заменета со мерка – куќен притвор.
Обвинителството бара Дурловски да излезе од притвор

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави барање за продолжување на мерките за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка за триесет и петмината осомничени за настаните што се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија.

Надлежниот обвинител побара од судот за лицето Жаклина Пешевска да биде укината мерката куќен притвор и истата да биде заменета со мерки на претпазливост.

Надлежниот обвинител бара за Игор Дурловски мерката притвор да биде заменета со мерка – куќен притвор.

За останатите осомничени лица обвинителството останува на барањето за продолжување на претходно изречените мерки за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка.

Најнови вести

Коронавирус