понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 113
Во живо

Протест во Свети Николе- „Оставка на Заев, слобода на народот“

home Вести

Обвинителство: Нема докази против Јанева, истрагата за РЕКЕТ ќе паузира пола месец поради одморите

Обвинителство: Нема докази против Јанева, истрагата за РЕКЕТ ќе паузира пола месец поради одморите

Што знае Катица Јанева за Зоран Заев и неговите крими соработници па јавното обвинителство не смее да ја осомничи и да ја приведе Јанева? Што уште треба да се случи за Рускоска обвинителството да влезе во СЈО на Катица Јанева и да изврши претрес?- прашуваат на денешната прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ.

На овие прашања на опозицијата , но и на јавноста, ќе треба да почекаме бидејќи истрагата ќе паузира поради летните одмори и ќе продолжи дури во втората половина на месец август. Ова за Дојче Веле на македонски јазик го брифираат од обвинителството на Вилма Рускоска.

– Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за ДВ потврдија дека е завршено и вештачењето на вториот мобилен телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева. Во него немало ништо, односно бил комплетно форматиран и со нов ај клауд. Тој телефон, за кој синот на Јанева тврдел дека е изгубен во Белград, истрагата неодамна го пронајде кај сестрата на неговата девојка. Претходно заврши и вештачењето на телефонот што беше одземен од Јанева веднаш по обелоденувањето на случајот „Рекет“. Но, од Обвинителството велат дека и во него „не е најдено ништо посебно“, што би било од интерес за истрагата во која засега се осомничени две лица. Од досега обезбедените искази и сознанија, според истрагата, немало докази кои би можеле да индицираат на евентуална инволвираност на Јанева во случајот што го истражуваат. Но, потенцираат дека истрагата е во самиот почеток и дека ќе продолжи со несмалено темпо. Сепак, поради летните одмори, истрагата ќе почека обвинителите да се вратат од колективен одмор кој почнува од 1-ви август, што значи дека истрагата ќе продолжи во втората половина од август- пренесува Дојче Веле.

За јавноста останува енигма како тоа и покрај изјавата на Русковска дека во текот на истрагата имало доказ дека обвинител разговарал на спикерфон и со рекетарот и со рекетираниот, сеуште нема проширување на истрагата.

Тоа екслузивно за емисијата КОД го потврдила обвинителката Русковска

КОД: Дали на тие снимки се гледа како осомничените го прават тоа (изнуда) или ја повикуваат Катица Јанева?

Рускоска: Па се гледа, а и се слуша.

КОД: Ја повикуваат Катица Јанева, се слуша такво на снимките? Дека и се јавуваат, да потврди нешто?

Рускоска: Видете, не можам да зборувам за детали од доказите со кои располагаме. Се слуша разговор со јавен обвинител.

КОД: Пуштен на интерфон?

Рускоска: Да.

Патем крајно сомнителен беше и случајот со вториот телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева кој исчезна, а потоа се појави кај девојката на синот на Јанева целосно избришан од податоци. Сомнежите уште повеќе ги подгреаа и информациите во медиумите дека биле трајно бришени компјутери во СЈО, најверојатно по наредба на Катица Јанева.

Ниту еден од овие сомнителни постапки не се доволна причина ОГОКК на Вилма Рускоска која го води случајот Рекет да изврши претрес во СЈО иако постојат индиции дека може да се влијае врз доказниот материјал. Половина месец е премногу долга пауза во една ваква сериозна постапка во која имаме обвинети за рекет за кои постои сомнеж дека соработувале со обвинители или носители на функции во власта, велат добро упатени правници.

– Стравот на Рускоска обвинителството е веќе кристално јасен, дека ако професионално истражува постои можност да утврди дека сите рекетарски патишта на крајот може да доведат до највисоко, односно до премиерот Зоран Заев- рекоа на прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус