сабота, 24. август 2019. Вести денес: 60
home Вести

Обвинителката Русковска призна: Бев дел од шарената револуција

Обвинителката Русковска призна: Бев дел од шарената револуција

Јас бев дел од граѓаните кои беа разочарани од таквата ситуација, затоа бев дел од Шарената револуција, истакна во интервјуто за 1ТВ новата шефица на обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Русковска.

-Секогаш сум се трудела, прво да бидам непристрасна. Бев дел од Шарената револуција затоа што сметав дека правото и правдата треба да важат подеднакво за сите. И за ситните измамници, но и за високите политичари. Јас не бев дел од Шарената како припадник на ниту една политиочка партија. Ниту сум била, ниту имам намера да бидам, истакна Русковска одговарајќи на прашањето колку учеството во протестите на Шарената револуција на прави непристрасна.