понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Обвинител или портпарол на партија: Рускоска со класичен политички говор го започна најновиот процес за 27-ми април

Обвинител или портпарол на партија: Рускоска со класичен политички говор го започна најновиот процес за 27-ми април

Без никакви докази за измисленото дело и со 7 спорни сведоци со кои сака да осуди 6 луѓе. Така одбраната на луѓето во најновиот процес за 27-ми април го коментираат воведниот говор на обвинителката Вилма Рускоска на првото рочиште одржано денес во кривичниот суд Скопје 1.

Во воведниот говор, Рускоска изгледа дека заборави во каква функција е дојдена, па наместо како обвинителка се однесуваше како портпаролка на владејачката партија.

Таа не кажа ништо ново во споредба со правните и суштински небулози кои беа присутни и во претходниот процес за настаните на 27-ми април. Во недостаток на релевантни докази и правни аргументи, најголемиот дел од своето обвинение го темели на повеќекратно менуваните изјави на осудениот Александар Василевски-Нинџа кој „за доброто поведение“ во претходниот процес доби казна 2 години под минималната.

Рускоска нема докази и затоа не можеше да се претстави себеси како обвинител. Но, користејќи речник на СДСМ, таа се обраќаше како да е гласноговорник на партијата.

За потсетување, токму тогашниот портпарол на СДСМ, Петре Шилегов, терористичко зарозување го воведе на 29-ти април, два дена после случувањата на 27-ми април.

Коронавирус