сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Обвинетите во предметот за смртта на малата Тамара се изјаснија дека не се виновни, ново рочиште на 5 декември

Обвинетите во предметот за смртта на малата Тамара се изјаснија дека не се виновни, ново рочиште на 5 декември

Дванаесеттемина обвинетите во предметот за смртта на малата Тамара Димовска од Велес на денешното рочиште во Кривичниот суд, откако беше прочитано обвинението, се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

– Од октомври 2014 година обвинетите како службени лица во ЈУ несовесно постапувале и го повредиле правото на детето Тамара Димовска. Дел од обвинетите на седница за давање оценка за упатување на лекување во странство,  не одобриле такво лекување со образложение дека операција може да се направи на клиника во Македонија, по што следела ратификација на таа одлука од страна на другиот дел од обвинетите. Со тоа обвинетите сториле кривично дело „несовесно работење во службата, рече обвинителката Наташа Гаџовска

За овој предмет, според соопштението од ОЈО Скопје, обвинети се членовите на Првостепената и на Второстепената комисија, кои го донеле односно го потврдиле негативното решение за лекување на Тамара во странство, како и двата тогашни директора на Фондот за здравствено осигурување и претседателот на Управниот одбор на ФЗОМ.

Малата Тамара Димовска во 2015 година почина чекајќи операција на рбетот во странство.

Првостепената лекарска комисија за одлучување по правото на лекување во странство, се наведува во обвинителниот акт, го донела првичното негативно мислење за лекувањето на Тамара Димовска.

Комисијата, спротивно на Стручниот конзилиум на Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ, а по истекот на законски предвидениот рок донела мислење дека не се исцрпени можностите за лекување на пациентот во Македонија.

Ново рочиште за овој случај е закажано за 5 декември.

Коронавирус