сабота, 28. март 2020. Вести денес: 89
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Обвинение за јавувачот за лажната бомба во „Сити мол“

Обвинение за јавувачот за лажната бомба во „Сити мол“

Вработен во Агенција за обезбедување кој го обезбедувал ТЦ „Сити мол“ денеска заработи обвинение за лажно пријавување дека има бомба во трговскиот центар.

Како што соопштија од ЈОРМ, обвинетото лице се товари дека на 29 јануари во трговскиот центар „Сити мол“ каде бил вработен пријавил дека е извршено кривично дело – Предизвикување општа опасност за кое гонењето се презема по службена должност, иако знаел дека такво дело не е сторено.

-Обвинетиот 19-годишник бил вработен во трговскиот центар преку агенција задолжена за обезбедување на објектот. Од својот мобилен телефон тој пристапил на интернет страницата www.globefone.com и на неговиот претпоставен му испратил текстуална порака со содржина: „Напуштете го молот веднаш, има бомба“. Претпоставениот веднаш пријавил во полиција, по што била организирана и извршена евакуација на присутните лица во трговскиот центар. Во исто време била ангажирана и екипа од Одделот за антитероризам во МВР кои утврдиле дека во објектот нема поставено експлозивна направа, се наведува во соопштението на Обвинителството.

За лицето, информираат од ЈОРСМ, определена е забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува кај определно службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.