сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 57
home Вести

Обука на преку 350 ветеринари од Балканот за справување со африканската свинска чума

Обука на преку 350 ветеринари од Балканот за справување со африканската свинска чума

Африканската свинска чума сè уште е многу важен проблем, кој беснее низ три континенти и како никогаш досега во историјата болеста е толку широко распространета со повеќе милиони погодени животни, носејќи огромни економски трошоци, значителни нарушувања во трговијата и сериозно влијае на руралниот живот, соопшти Организацијата на ОН за храна и земјоделство.

Со цел справување со болеста, која од 2007 година започна прогресивно да се шири од Грузија низ Европа, при што во епидемиолошка форма се појави и во Србија, Бугарија, Романија и Грција и претставува закана за целиот балкански регион, ФАО од денеска започна онлајн обука на српски јазик за околу 350 ветеринари од Балканот, вклучувајќи ги Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, и Србија. Обуката ќе трае шест недели во текот на јули и август.

– За да се оптимизира подготвеност, рано откривање и одговор на можен влез на африканската свинска чума, важно е што е можно повеќе да се обучат оние во првата линија на одговор – ветеринарите, вели Даниел Белтран-Алкрудо, експерт на ФАО за здравје на животните.

Според него, Балканот е во голем и непосреден ризик од влез на африканската свинска чума и треба соодветно да се подготви.

За да се олесни подготвеноста за справување со болеста, ФАО започна со стандардизирање на материјали за обука, вклучително презентации, упатства и други материјали, што во случај на вонредна состојба овозможува брзи преводи, прилагодување кон спецификите на државите и пренесување до што е можно повеќе ветеринари преку обука за обучувачи. Ваквиот пристап веќе се покажа како ефикасен на Балканот во периодот 2018-2019 година, се додава во соопштението на ФАО.

Сепак, како што посочува Организацијата, дури и со вакви тренинзи, таа не можеше да се справи со огромната и растечка побарувачка за обуки за болеста од земјите со висок степен на ризик или заразување.

– Затоа, беше донесена одлука да се премине на Интернет обуки, што нуди неколку предности: лесно е и економично да се надоградат, може да вклучат стотици луѓе од различни локации и им овозможува на учесниците да учат според нивно темпо, во време кога нив им одговара. Во време на ограничувања за патувања и состаноци заради пандемијата Ковид-19, учењето преку Интернет станува уште поважно, се нагласува во соопштението.

За наставните програми за обуката се користи Прирачникот на ФАО за рано откривање и дијагностицирање на африканска свинска чума, кој е достапен на неколку јазици и чија содржина е креирана од тим на експерти за болеста, вклучувајќи ги и Институтот „Фридрих-Лефлер“, ветеринарната служба на Литванија, референтниот центар на ФАО за африканска свинска чума. Проектот е поддржан од Европската комисија за контрола на болеста шап и лигавка (ЕУФМД).

Курсот содржи седум модули за обука кои опфаќаат низа теми, како влијанието на болеста, клиничката и лабораториската дијагностика, епидемиологија, истрага за појава на епидемии, контролни мерки, биосигурност и африканска свинска чума кај диви свињи. Обуката започна со вебинар, кој објаснува како ќе се одвива обуката и со претставување на обучувачите, кои се експерти во дијагностика, епидемиологија или контрола на африканска свинска чума.

– Учесниците имаат пристап до материјали за обука, форум за дискусии, снимки на веб содржините и список на дополнителни ресурси. Бидејќи курсот е отворен во времетраење од шест недели, секоја недела е опфатена специфична тема со користење на форум за дискусии, каде учесниците и обучувачите можат да дискутираат и да комуницираат. Обучувачите објавуваат прашања за да ги предизвикаат учесниците и да го продлабочат разбирањето на материјалот. Курсот завршува со проценка на курсот и завршен вебинар, кој опфаќа теми кои биле или тешки за учесникот или предизвикале најголема дискусија на форумот. На учесниците кои ги завршуваат сите потребни задачи и го положуваат оценувањето на крајот од курсот, им се доделува сертификат. Учесниците на крај можат да дадат предлози за натамошно подобрување на курсот, се нагласува во соопштението на ФАО.

Коронавирус