недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

ОБСЕ/ОДИХР: Силјановска Давкова се соочува со дискриминирачки и неосновани критики

ОБСЕ/ОДИХР: Силјановска Давкова се соочува со дискриминирачки и неосновани критики

Во извештајот од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за досегашниот тек од изборната кампања за претседателските избори може да се забележи дека мисијата нагласува дека еден од кандидатите за шеф на државата, Гордана Силјановска Давкова, подлежи на дискриминирачки и неосновани критики за нејзината возраст и пол.

“Г-ѓа Силјановска Давкова се соочи со негативни родови стереотипи на социјалните медиуми, на пример коментари за нејзиниот изглед”, наведуваат од ОДИХР.

ОБСЕ/ОДИХР ја набљудува изборната кампања за претседателските избори и по тој повод го објави својот периодичен извештај за периодот од 11 март до втори април

Од таму нотираат и дека генерално, жените се недоволно застапени во јавниот живот, но дека женските права и родовата еднаквост сѐ уште не се пројавија како истакнати прашања во кампањата.

Мисија за набљудување на изборите се состои од главен тим од 11 члена, со седиште во Скопје и 18 долгорочни набљудувачи.

Коронавирус