петок, 30. септември 2022. Вести денес: 144
home Вести

Образованието во Кичево на удар: На неистомисленици им се намалува број на часови, се кратат договорите за работа

Образованието во Кичево на удар: На неистомисленици им се намалува број на часови, се кратат договорите за работа

Како во сите области така и во образованието, сега конкретно во општина Кичево од страна на владеачката гарнитура на удар се членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ без да има било каква причина. Што се случува во училиштата?

Постапката за незаконско расрешување на сите четири директори  со важечки мандат започна последниот работен ден од 2017 година кога градоначалникот од ДУИ, Фатмир Дехари  за возврат на одработеното на локалните избори назначува четири нови в.д. директори од СДСМ.

-Со почетокот на второто полугодие в.д. директорката започнува со закани и притисоци за скратување на работното време на сите не истомисленици. Значи селективно и намерно скратени се часови на 18 вработени професори кои имаат решение на  неопределено и сменето е на  скратено работно време и тоа решение донесено на први февруари 2018 година. За ова се повикуваат на член 72 од Законот  за  средно обарзование, односно демек се намалил бројот на паралелки  и промена на програмите и плановите, а такви работи се прават на пред почетокот на учебната година, велат упатени во состојбите.

Плус на четворица професори не  им е продолжен договорот за работа. Во исто време се примаат нови десет вработени по договор на дело. Се кратат средства од старо вработени за да се плаќаат нововработени по договор на дело, велат упатени извори.

-Двајца колеги кои предаваат спорт им се скратени часовите, а имаат можност да пополнуваат часови по другите две училишта каде професори по спорт стануваат в.д. директори, а на нивно место се примаат нови колеги со договор на дело што е незаконски, сведочат лица оттаму.

В.Д. директорка на гимназијата, Милка Спасевска инаку професорка по македонски јазик на нејзино место вработува колешка со договор на дело иако  има доволен број на колешки  по македонски јазик, конкретно има вкупно 154 часови, а има  професорки што значи доволен број да се покријат часовите, а таа вработуваат деветта. По закани и уцени во Советот на родители е влезен и председателот на општинската организација на СДСМ – Кичево.

Исто така директорката има закажано наставничкии совет за промена на училишниот одбор за да може да се одбијат сите приговори поднесени од сите оштетени. Исто така на двајца колеги кои се 5 години пред пензија им го скратува работното време, а тоа е незаконски. Значзи крајно тендеционо и нарачано се удира по членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус