вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 150
home Вести

Образованието на удар од страна на СДСМ: Наместо да ги држат часовите, наставниците трчаат да се фотографираат со Шекеринска

Образованието на удар од страна на СДСМ: Наместо да ги држат часовите, наставниците трчаат да се фотографираат со Шекеринска

СДСМ ја користи позицијата и ги злоупотребува граѓаните во референдумската кампања за промена на уставното име на Република Македонија.

Загрижени родители и граѓани испратија фотографии до нашата редакција, велат однесувањето на одделенските наставници од основното училиште Славчо Стојменски во Виница е скандалозно, наместо да ги одржат часовите за кои се платени тие истрчале да се фотографираат со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Ова покажува дека образованието е на директен удар од страна на СДСМ се со цел да успее референдумот.

Граѓаните кои ги испратија фотографиите велат дека вчера две одделенски наставнички од ОУ “Славчо Стојменски” Виница, едната советничка во Совет на општина Виница и друга претседателка на Клубот на жени на СДСМ Виница, наместо да држат настава ги напуштиле учениците и се посветиле на партиски активности. За вршење на партиските активности добиле амин и од директорот на основното училиште Горан Иванов.

СДСМ во предизборниот период најавуваа голема промена во образованието како и дека токму образованието е врвен приоритет во нивниот План за живот во Македонија, но додека беа во опозиција едно зборуваа и правеа, додека кога се сега на власт, граѓаните гледаат дека нема ништо од ветувањата, туку само празни зборови кои воопшто немаат значење.