четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 120
home Вести

Образование: Никој не е задоволен од најавеното покачување на платите од 5%, од СОНК бараат да се опфатат и универзитетските професори

Образование: Никој не е задоволен од најавеното покачување на платите од 5%, од СОНК бараат да се опфатат и универзитетските професори

Платите на просветните работници во Македонија се меѓу најниските во регионот, а наставниците, за разлика од административците, не добиваат други поволности.

Наставниците не добиваат надоместоци за својата прекувремена работа која неретко се одвива и за време на викенд, па оттука највеното зголемување за 5 % (пет проценти) за 2018, нема да придонесе за поголема мотивираност на наставниците, а со тоа и подобрување на квалитетот на наставниот процес, ниту суштински ќе го подобри животниот стандард на таргетираните со оваа мерка.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, изрази очекување дека во наредниот период владата ќе посвети поголемо внимание на образованието каде платите се најниски во однос на целиот јавен сектор.

Тој побара да продолжи зголемувањето на платите, но да се опфатат и вработените во високото образование, кои не се дел од ова покачување.

Порача да се изнајде решение и во иднина да се подобри социјалниот статус на вработените и додаде дека отворено треба да се разговара за сите прашања.

Минатата година пак, Наставничкиот пленум не беше задоволен од најавите за зголемување на платите на наставниците за пет проценти при објавувањето на Предлог-буџетот за 2018 година.

Тогаш тие посочија дека платите на просветните работници во Македонија се меѓу најниските во регионот, а наставниците, за разлика од административците, не добиваат цел куп поволности.

– Наставниците не добиваат надоместоци за својата прекувремена работа која неретко се одвива и за време на викенд, па оттука највеното зголемување за 5 проценти ниту ќе придонесе за поголема мотивираност на наставниците, а со тоа и подобрување на квалитетот на наставниот процес, ниту суштински ќе го подобри животниот стандард на таргетираните – пишуваше тогаш во соопштението на Наставничкиот пленум.

Инаку со денешната спогодба е утврдена најниската плата за најнизок степен на сложеност за вработените во основните училишта која ќе изнесува 12.714 денари, а во средните училишта, 13.117 денари.

Коронавирус