петок, 14. август 2020. Вести денес: 153
home Вести

Обновен сообраќајот на двата аеродрома, еве колку патници дошле и заминале

Обновен сообраќајот на двата аеродрома, еве колку патници дошле и заминале

По три и пол месеца вчера почнаа да работат двата аеродрома во државава.

На првиот работен ден по рестартот, на скопскиот аеродром пристигнаа 292 патника, а од него заминаа 448, а на охридскиот дојдоа 38 и замина 144 патници.

Во периодот на прекинот на авиосообвраќајот поради пандемијата, кој траеше од 19 март до 30 јуни, беа реализирани 54 хуманитарни летови, од кои 20 за влез во државата и 34 за излез, и беа превезени вкупно 4 531 патник. Од вкупниот број летови, 18 беа за медицински цели.

Коронавирус