сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 101
home Вести

Обновата доаѓа со зголемување на пензиите во следниот 4-годишен мандат од 20-тина отсто и зголемување на просечната плата за 25%

Обновата доаѓа со зголемување на пензиите во следниот 4-годишен мандат од 20-тина отсто и зголемување на просечната плата за 25%

Продолжуваме со посетите во рамки на „Обнова на Македонија“. Денеска сме овде во Општината Зрновци, покрај Зрновци ќе ги посетиме и населените места Мородвис и Видовиште, рече на денешната прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

-Разговараме со граѓаните, ги слушаме нивните проблеми но и ја гледаме перцепцијата на народот. А, таа е дека нема да престанеме со ова што го правиме се до 12-ти април, кога ќе ја издвојуваме огромната победа пред се за Република Македонија. Обновата во државата доаѓа. Обновата доаѓа со тоа што веќе излеговме пред вас граѓаните и го ветивме зголемување на пензиите во следниот 4-годишен мандат од 20-тина отсто, зголемување на просечната плата за 25%. И сите оние останати мерки кои што ги планираме преку намалување на даноците и создавање на услови за раст на економијата и стопанството. А, со тоа и за подобар живот на сите граѓани во Република Македонија, истакна Јанушев.

Она што граѓаните не го забораваат и го потенцираат е состојбата во која што се наоѓа државата. Таа состојба е очајно лоша и таа состојба ќе почне да се подобрува токму после 12-ти април со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, со формирањето на новата Влада и со почнување на обновата на државата, додава тој.

Коронавирус