петок, 30. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Обнова VS Можеме: Дали по утрото денот се познава?

Обнова VS Можеме: Дали по утрото денот се познава?

Вчера започна кампањата за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 15-ти јули.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ преку носителите на своите изборни листи остварија средби со граѓани и ги претставија своите изборни програми. ВМРО-ДПМНЕ промовира Обнова на Македонија, а СДСМ го промовира концептот Можеме. Ако по утрото денот се познава, дури и само вчерашниот ден беше доволен да се направи компарација меѓу двата концепти.

„Можеме“ на СДСМ е комбинација на ветувања кои партијата не ги оствари за време на мандатот кој им изминува. Со оглед на фактот што на граѓаните во 2016-та година им ветуваа работи кои не ги исполнија, СДСМ повторно ја потценува интелигенцијата на народот, па им ги повторува ветувањата.

ВМРО-ДПМНЕ промовира промени кои на народот му се и повеќе од потребни. Ветуваат опоравање на цела држава која во многу сектори е на колена по владеењето на СДСМ.

Професор д-р Александар Даштевски во изјава за КУРИР го анализира почетокот на кампањата и ја потенцира разликата меѓу двата понудени концепти.

-Почетокот на кампањата беше вообичаен, само без масовност, поради состојбата. Под „вообичаен“ мислам на начинот на работа на опозиционата ВМРО- ДПМНЕ која во нејзин стил почна да го „ора“ теренот скоро во цела Македонија, во сите градови имаше поставено штандови каде што се делаеа флаери, програми и се објаснуваа на граѓаните дел од 1000 проекти кои се напишани во програмата. За разлика од нив, СДСМ и понатаму се фокусира на предиозборен поткуп, повторно се делеа пакети се правеа списоци на граѓани кои ако ветат дека ќе гласаат, добиваат ситна материјална помош. Таа материјална помош, која претставува предизборен поткуп и е забранета со закон, се обезбедува пред се од буџетот, од рекетираните средства и се дели од активисти на СДСМ не ретко под плаштот на невладини организации, како што е „Семејството Заеви„ што значи дека главно се работи за изрекетирани сретства илчи производи, истакна тој.

Даштевски ги анализира и настапите на кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и нивните појавувања на ТВ дуелите во изминативе денови.

-Во дуелите, исто така, кандидатите на СДСМ не се снаоѓаа, бидејќи сакаа да импровизираат со непостоечки проекти, па така потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски поентираше на 24 вести против Сања Лукаревска директорката на УЈП, која не знаеше да наброи ниеден автопат, ниту проект кој го направила оваа власт што често му се случуваше на нејзиниот лидер Заев, кога се обидуваше да каже што направила оваа власт. Тоа и се случи и на Радмила Шеќеринска во емисијата „Само Вистина“ кога призна дека не сме добиле датум за преговори. Од отворањето на кампањата на СДСМ во Струмица можеше да се заклучи дека таа ќе биде дефанзивна, односно тие ќе се бранат зишто не ги исполниле ветувањата во предгодните три години, истакна Даштевски за КУРИР.

Коронавирус