недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Вести

Облечете се лесно, но понесете чадор: Сончево и топло, попладне можни локални врнежи

Облечете се лесно, но понесете чадор: Сончево и топло, попладне можни локални врнежи

Времето во државата ќе биде сончево со мала до умерена облачност и топло со слаб до умерен јужен ветер.

Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од дожд.

Температурата во утринските часови ќе се движи од шест до 14 степени Целзиусови, а дневната од 18 до 29 степени.

Во Скопје слично време со температура до 28 степени. (МИА)