петок, 17. септември 2021. Вести денес: 133
home Вести

Облачно време со засилен ветер

Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 17 степени.
Облачно време со засилен ветер

Времето во Македонија, денеска, особено во утринските часови, ќе биде облачно со поинтензивни врнежи од дожд кои наместа ќе бидaт поројни проследени со ретки грмежи, локално околу 30 литри на метар квадратен.

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Ќе дува засилен ветер претежно од западен правец, над 70 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната  од 10 до 19 степени.

Во Скопје слично време, облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Во почетокот на наредната недела ќе има стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.

 

Коронавирус