вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 145
home Вести

Облачно време со врнежи од дожд во попладневните часови

Облачно време со врнежи од дожд во попладневните часови

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека попладне врнежите повеќе ќе бидат застапени во западните делови, а во вечерните часови и во крајните југоисточни подрачја.

На места врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Tемпературата ќе се движи од 9 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје, претежно облачно, попладне и во вечерните часови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Температурата во интервал од 4 до 11 степени.

Во првите два дена од следната недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во среда поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите на планините ќе бидат од снег. Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински и дневни температури.

Коронавирус