петок, 5. март 2021. Вести денес: 79
home Вести

Облачно време со сончеви периоди

Облачно време со сончеви периоди

Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска во земјава. По котлините ќе има магла или значителна ниска облачност која попладне ќе се намалува.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура до 1 и максимална до 9 степени.

Синоптичарите најавуваат период на стабилно и суво време со умерена до значителна облачност најизразена во недела и понеделник. По котлините и понатаму ќе има појава на магла.

Коронавирус