четврток, 5. август 2021. Вести денес: 80
home Вести

Облачно време: Од пладне локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Облачно време: Од пладне локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења и услови за појава на град. УВ индексот ќе биде 7, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Дневната температура ќе се движи од 18 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 28 степени. (МИА)

Коронавирус