вторник, 20. ноември 2018. Вести денес: 120
home Вести

Облачно со услови за краткотраен дожд

Облачно со услови за краткотраен дожд

Времето денеска ќе биде умерено облачно, во северните делови со услови за краткотарен попладневен дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од девет до 18 степени, а дневната од 17 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува осум.

Во Скопје ќе биде облачно, со умерен северозападен ветер и  температура од 16 до 28 степени.

Според УХМР, следува период на претежно стабилно и потопло време, освен во петок кога во попладневните часови на север ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.