четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 141
home Вести

Облачно со слаб дожд, на планините снег

Облачно со слаб дожд, на планините снег

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од пет до 10 степени.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до девет степени.

Во следните два дена ќе се задржи претежно облачно време со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Потоа продолжува периодот на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, кои од недела поради спуштање на постудена воздушна маса ќе преминуваат во снег и на некои пониски места.

Коронавирус