сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 16
home Вести

Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег

Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег

Времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 6, а дневната од 8 до 14 степени.

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне 8 степени.

Поради продор на постудена воздушна маса во недела врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови од земјава. На планините ќе се формира нова снежна покривка. Од понеделник ќе преовладува претежно стабилно време, освен во крајните западни делови, каде ќе има услови за повремен дожд.

Најнови вести

Коронавирус