петок, 5. март 2021. Вести денес: 165
home Вести

Облачно со повремени сончеви периоди и ветер, снег во јужните делови

Облачно со повремени сончеви периоди и ветер, снег во јужните делови

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Претпладне во јужните делови од земјава ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе се движи од минус 4 до 3 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне да 0 степени.

Во текот на ноќта и утрово e облачно, a во јужните делови со врнежи од снег. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните температури се движеа од -10 во Крушево, -8 Битола и Берово, -6 Крива Паланка, -5 Претор, Дебар и Куманово, -4 Охрид и Прилеп, -3 Тетово и Штип, -2 Петровец и Струмица, -1 Скопје и Демир Капија, до 0 во Дојран.

Во изминативе 24 часа најмногу дожд наврна во Претор и Битола од три литри на квадратен метар.

Висината на на снежната покривка во 7 часот утрово изнесува 32 сантиметри на Попова Шапка, 23 во Битола, 10 во Охрид и Крушево, 8 во Претор, 7 во Маврови Анови, 5 во Берово, 4 во Дебар, 2 во Крива Паланка и Тетово и 1 сантиметар во Пожаране.

Локални врнежи од снег ќе има и утре кон крајот на денот, особено во северните делови. Од понеделник ќе преовладува стабилно и суво време, а до вторник дневните температури во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата.

Коронавирус