петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Облачно и врнежливо време наредниве денови

Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и позастапени во западните делови од земјава.
Облачно и врнежливо време наредниве денови

Под влијание на серија влажни бранови во наредните денови ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и позастапени во западните делови од земјава.

Повеќе врнежи ќе има до четврток претпладне, кога во овие делови локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми.

До петок ќе дува умерен југоисточен ветер. Кон крајот на неделава ќе настапи позначително заладување.

Коронавирус