понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 106
home Вести

Објавени фотографии од тешката сообраќајка на Македонец со камион во Германија- штета од 200.000 евра (ФОТО)

Објавени фотографии од тешката сообраќајка на Македонец со камион во Германија- штета од 200.000 евра (ФОТО)

Македонски возач на камион со бугарски таблички пред две недели беше дел од верижен судир со уште две патнички возила, по кој излета од автопат во Германија и се преврте, но 57-годишникот поминал без посериозни последици.

Несреќата се случила на автопатот А2 во областа Бонеберг/Лое во правец на Дортмунд, а како можна причина полицијата ја наведува прекумерната брзина на движење на двата автомобила на лизгавиот коловоз од снегот што паѓал.

Виновник за судирот е 47-годишниот возач на „голф“ од Лудвигсфелд, кој се движел на крајната лева лента и изгубил контрола врз возилото, удрил во „пежо“ во средната лента управувано од 55-годишен жител на Хамбург, а тој потоа се судрил со камионот на десната лента.

Како резултат на судирот, 40-тонскиот камион натоварен со камења се излизгал од десната страна на патот, ја пробил заштитната ограда, се спуштил надолу по насипот и се превртел. „Пежото“ застанало половина на оградата, а другата половина висела на насипот. Возачите на двата автомобила биле повредени во несреќата и префрлени со амбулантни возила во болница.

Камионот цел ден бил извлекуван со кран од дното на насипот, а товарот во текот на ноќта бил натоварен на палети и транспоиртиран со контејнер, по што коловозот бил исчистен од остатоците од судирот. За тоа време биле затворени за сообраќај две ленти, од што се создала колона од четири километри во насока на Дортмунд. Делницата целосно била пуштена во употреба дури ноќеска 40 минути по полноќ.

Вкупната предизвикана штета од судирот е проценета на 200.000 евра.

Коронавирус