понеделник, 25. септември 2023. Вести денес: 112
home Вести

Објавени документи: Концесијата за Казандол е потпишана во 2005-та година од Радмила Шекеринска

Одлуката за давање концесија за детални геолошки истражувања на локалитетот Казандол е потпишана на 16 јуни 2005 година од страна на Радмила Шеќеринска, тогашната заменичка на претседателот на Владата на Република Македонија. Истата е објавена во 48от број на Службен Весникна 23 јуни 2005 година.
Објавени документи: Концесијата за Казандол е потпишана во 2005-та година од Радмила Шекеринска

Одлуки за давање концесии на локалитетот Казандол се потпишани два пати: еднаш во 2005-та, од страна на Владата предводена од СДСМ, и еднаш во 2014, од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, објави порталот „Антропол“.

Одлуката за давање концесија за детални геолошки истражувања на локалитетот Казандол е потпишана на 16 јуни 2005 година од страна на Радмила Шеќеринска, тогашната заменичка на претседателот на Владата на Република Македонија. Истата е објавена во 48от број на Службен Весникна 23 јуни 2005 година.

Одлуката за избор на најповолна понуда за доделување на концесии за детални геолошки истражувања е потпишана на 27 јануари 2014 година од страна на Никола Груевски, тогашен претседател на Владата на Република Македонија. Истата е објавена во 19от број на Службен Весник на 29ти јануари 2014 година.

Најнови вести